Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Нашиот концепт е сигурност, трансформација на економијата

Спасовски: Нашиот концепт е сигурност, трансформација на економијата

Скопје, 25 јуни 2020

Носителот  на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, во интервју во Куманово синоќа збооруваше за повеќе актуелни прашања и за концептот на сигурност по којшто продолжува да се развива државата во интерес на граѓаните бидејки можеме заедно со гражаните и повеќе и подобро.

„СДСМ има јасна визија за државата и перспективи за дражавата, од држава режим ја донесовме државата да биде држава членка на НАТО алијансата, држава што ги отвори преговорите со ЕУ, едноставно имаме концепт на сигурност што го предводи СДСМ. И има сосема друг концепт на неизвесност што враќа назад, на мрачни сценарија на режим, грабеж, заробено судство. Покажавме изминатите неколку години дека знаеме да направиме добри исчекори, да реализираме проекти, да ги оствариме националните интереси на државата и можеме да го правиме и понатаму и повеќе и подобро“ порача меѓу другото носителот на листа во ИЕ 2, Спасовски.

Тој рече дека СДСМ и досега покажа што значи да се работи одговорно и дека продолжуваме во развој на економијата.

„Продолжуваме со нашата амбициозна цел за трансформација на економијата, за зголемување на конкурентноста на еконимијата во нашата држава, тоа ќе значи креирање на нови работни места, зголемување на минималната плата, на просечната плата, поддршка на инвестицискиот циклус, намалување на невработеноста, да дојдеме до едноцифрена бројка, растот на БДП да биде најмалку 4 проценти и ако покажавме дека во изминатиот период дека може да носиме тешки и стратешки одлуки за иднината на државата, да ја кренеме економијата, да ја спасиме дравата од најцрните сценарија од здравствената и економската криза, можеме да реализираме и други проекти за подобар живот. Во режимот се случуваше општ грабеж, како Скопје 2014 – сега може да се направи дистинкција што значи да се работи одговорно и во интерес на граѓаните “, рече Спасовски.

„Не им допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога се помага на граѓаните, тие се изјаснуваа и против вработувања и против зголемувања на минималната плата. Криминаци од режимот за коишто се водат судски постапки се дел од опозицијата. Не знаат ништо друго да прават освен конструкции и лаги. Зошто е така? Не можат да излезат пред граѓаните и да им кажат ние имаме концепт да го вратиме режимот. Знаат дека никој не го прифаќа тој концепт“ додаде Спасовски.

Носителот на листа во ИЕ 2, Спасовски најави реконструкција на Соколана и на Спомен костурница Куманово.

„Проекти што најмногу сакам да се реализираат, тоа е да ја реконструираме Соколана како симбол на Куманово, веќе се започнати активности од Агенцијата за млади и спорт, да ја реконструираме спортската сала, Куманово има спортси дух и да добие целиот дел на добар изглед и еден од проектите за коишто сакам да се борам е целосна реконструкција на Спомен констурницата. Куманово како град носител на борбата против фашизмот, којшто ги негува традициите на антифашизмот, треба да ја добие поддршката од државата и таа нема да изостане“, рече меѓу другото во интервјуто за емисијата Став на ТВ Плус во Куманово, носителот на лоста во ИЕ 2, Оливер Спасовски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот