Утрински Весник
Спорт

Ливерпул може да стане шампион на теренот на Манчестер сити

Ливерпул се пласираше во финалето на Светското клупско првенство по гол во дополнителното време
Dik 300x250 mk

Лондон, 25 јуни 2020 (МИА) – Лидерот на табелата во Премиер лигата, тимот на Ливерпул кој синоќа го совлада Кристал Палас (4:1) во натпреварот од 31. коло, го дели само еден чекор од шампионскиот трофеј.

Тимот на Јирген Клоп сега има 86 бода, додека актуелниот првак Манчестер сити е втор со 63 бода.

Според ова, Ливерпул уште вечер може да стане шампион, доколку Сити не го победи Челзи. Во случај „граѓаните“ да ги освојат трите бода во Лондон, Ливерпул титулата ќе има шанси да ја освои токму на теренот на Манчестер сити на 2 јули за кога е закажан нивниот дуел од 32. коло.

Ливерпул нема шампионски трофеј во Англија цели 30 години. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони