Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло до 33 степени, попладне можен пороен дожд

Сончево и топло до 33 степени, попладне можен пороен дожд
Dik 300x250 mk

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 24 до 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Утринската температура ќе спушти до 16, а дневната ќе достигне 29 степени.

До сабота во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме. Температурите ќе бидат во позначителен пораст.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дождливото време ќе потрае – 24info.mk

Родител пријавил врсничко насилство: Неговиот малолетен син бил натепан од група малолетници на автобуска постојка

Родител пријавил дека неговата ќерка била сексуално вознемирувана додека била на училиште