Утрински Весник
Економија

ССК и Македонскиот полициски синдикат ќе потпишат договор за соработка

ССК: Кабелските оператори да си ги бараат правата институционално, а не на грбот на граѓаните

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Сојузот на стопански комори на Македонија ќе потпише договор со Македонскиот полициски синдикат – Скопје.

Договорот ќе го потпишат потпретседателот на Сојузот, Драган Митковски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев.

-Целта на договорот е да се воспостави соработка со особен акцент на заложбите за воспоставување систем за обезбедување на владеење на правото и сузбивање на сивата економија. Дополнително институционално ќе се делува со заеднички проекти во насока на унапредување на демократските процеси во сферата на интерес на потписниците на договорот, наведува ССК. мч/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МФ: По комисиската расправа Владата го усвои дополнетиот Ребаланс – обезбедени средства и за поддршка на земјоделките и жртвите на семејно и родово насилство

Николоски: Огромен развој на ависообраќајот, по рекордниот број на авиолинии и бројот на патници, Визер поставува 7- ми авион во базата во Скопје 

ИСОС ја продлабочува соработката со професионалните организации во регионот