Утрински Весник
Економија

Компанијата Жито Лукс на странските пазари со истото име со препис латиница

Жито Лукс со донација за социјално загрозени лица и семејства

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Компанијата Жито Лукс соопшти дека за потребите при работа на странските пазари, извршена е промена на статутот на компанијата при што е направен препис на латиница на името.

-Компанијата работи на македонскиот и странските пазари под целосното име: Друштво за производство на мелнички, пекарски и слаткарски производи, промет на големо и мало и увоз-извоз ЖИТО ЛУКС АД Скопје. Со цел за усогласување со скратениот назив на компанијата на македонски јазик, кој гласи Жито Лукс АД Скопје и е непроменет од 1991 година, кога компанијата беше во државна сопственост, сега е направено унифицирање на називот на латиница, односно направена е негова транскрипција, препис од кирилица. Со овој препис од кирилица на латиница, името на компанијата е непроменето и соодветно гласи Жито Лукс АД Скопје, односно Zito Luks AD Skopje. Станува збор за правно усогласување за потребите во правниот промет со странство. Ова унифицирање е извршено во интерниот статут на компанијата, се наведува во соопштението.

Како компанија, Жито Лукс е во земјава изминатите 74 години. вг/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиите

Левица: Неплатено грозје, заложено вино и евтини државни кредити – Владата ја чести винарската олигархија со народни пари додека лозарите ги турка во пропаст

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, стан од 50 м2 во Центар за 168 0000 евра