Утрински Весник
Македонија

УХМР: И покрај најавите за поројни дождови, нема опасност од излевање на поголемите реки, но можно е слевање вода во градските средини

УХМР: И покрај најавите за поројни дождови, нема опасност од излевање на поголемите реки, но можно е слевање вода во градските средини
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Нема опасност од излевање на поголемите реки во земјава и покрај најавите дека во наредните неколку дена се можни локални поројни врнежи дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Но, доколку на одредени места врнежите бидат поинтензивни и и паднат за кратко време, во форма на невреме со силен ветер, можна е појава на слевање вода во градските урбани средини поради неможноста за нејзино одведување.

– Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи е можно и локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, наведува УХМР. мч/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Црна европска листа: Македонија трета по број на убиени жени

Фрчкоски до ВМРО-ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат

Трамп ги менува луѓето во амбасадите и Македонија меѓу 29 земји