Утрински Весник
Македонија

Најмногу активни случаи на Ковид-19 и натаму во Чаир-413, седум општини со по над сто заболени

Најмногу активни случаи на Ковид-19 и натаму во Чаир-413, седум општини со по над сто заболени
Dik 300x250 mk

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Од новите 136 дијагностицирани со коронавирус од тестирањата во изминатите 24 часа, најголем број, 80 случаи се од Скопје. Според податоците на Институтот за јавно здравје, во градот досега се дијагностицирани 2.667, случаи, а активни се 1.785.

Меѓу општините на Град Скопје и тие што гравитираат кон главниот град, најголем број активни случаи на Ковид-19 има во Чаир – 413, следат Гази Баба со 149 случаи, Сарај со 141, Бутел со 136 случаи, Аеродром со 135 случаи, Центар со 127 случај, Карпош со 124 случаи и Кисела Вода со 101 случај.

Активни случаи има и во Студеничани – 89, Ѓорче Петров – 83, Шуто Оризари – 72, Арачиново – 49, Илинден – 33, Петровец – 16, Чучер Сандево – 16, Сопиште – 12, Зелениково – 2, тројца странци и тројца нераспределени. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат