Утрински Весник
Македонија

УХМР: Се очекува пораст на водостоите на Вардар и Лепенец

Екологисти реагираат дека несовесни ја преплавиле реката Вардар со пластични шишиња

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Водостојот на реките Вардар и Лепенец во Скопје денеска се очекува да биде во пораст, иако од метеоролошките станици нема најава за поголеми количини врнежи, информира УХМР.

Според Управата, најверојатно станува збор за врнежи во повисоките предели на Шар Планина каде нема покриеност на теренот со хидролошки и метеоролошки станици.

Нови врнежи не се очекуваат, а од вечерните часови и утре се очекува стабилизирање на водостојот и негово намалување на посочените водотеци.

– Циклонот кој изминативе денови го зафати Балканот и регионот околу нас, во нашата земја се појави во доста ублажена форма и поизразен беше единствено во високите планински делови на Шар Планина, што резултираше со брзо зголемување на водостојот на помалите реки во тој дел. Исто така, поради влијанието и врнежите од Косово зголемување на водостојот е регистриран и на реката Лепенец, што исто така придонесе за зголемување на водостојот на Вардар во Скопје, наведува УХМР. мч/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во следните 10 години

Евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови од недела

Тополова – Исајловска: Кога жртвата се повлекува од притисок, системот мора да биде доволно силен да ја заштити