Утрински Весник
Македонија

Двајца повредени кога автомобил излетал од патот Маврови Анови – Дебар

Почина тригодишно девојче во Струга, телото дадено на обдукција

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – На регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, на местото „Задчука“ вчера од коловозот излетало патничко моторно возило „Тојота“ управувано од Т.З. (32), при што со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Џ.З., а со телесни повреди се здобил возачот.

Случајот бил пријавен во МВР во 07:47 часот. Како што соопшти МВР, извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Сопатникот и возачот биле пренесени во Општата болница Дебар за укажување на лекарска помош. бт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија