Утрински Весник
Македонија

Излеани на реки во Тетовско, непрооден патот Тетово-Јажинце кај Доброште

Излеани на реки во Тетовско, непрооден патот Тетово-Јажинце кај Доброште
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тетово, 24 јуни 2020 (МИА) – Интензивните врнежи од дожд ноќеска предизвикаа нагло зголемување на водостоите на неколку реки во Тетовско кои се излеаа од нивните корита и поплавија патишта и куќи. Според првичните информации, неколку села во општините Теарце и Јегуновце ноќеска се поплавени поради излевањето на речните води.

Излевањето на Габровска река е причина за поплавување и наноси од земја, кал и дрвја на регионалниот пат Тетово –Јажинце помеѓу селата Доброште и Одри.

-Патот Тетово-Јажинце непрооден помеѓу Доброште и Одри поради излевање на речната вода. Се работи на отстранување на наносите од земја, кал и дрвја, објави Исен Асани, градоначалник на општина Теарце на својот Фејсбук профил.

Мештаните од Доброште информираат дека поради поплавите оштетен е и асфалтот на коловозната лента на регионалниот пат Тетово-Јажинце. Жители на Јегуновце информирата дека во нивното селот има поплавени куќи. ас/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

12-годишно дете со тешки повреди по експлозија на петарда во парк во Аеродром

МВР со детали за убиството на турскиот државјанин во Скопска чаршија

Мицкоски најави ново линеарно зголемување на пензиите во април