Утрински Весник
Спорт

Манџукиќ на чекор од враќање во Италија

Манџукиќ со предлог од шпански клуб

Милано, 23 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот репрезентативец на Хрватска, Марио Манџукиќ (34) е на чекор од враќање во Серија „А“, јавуваат италијанските медиуми.

Манџукиќ во моментов е член на катарскиот клуб Ал-Духаил, со кој има договор до јуни 2021 година, но се повеќе се споменува дека тој би можел да го напушти клубот ова лето.

Турските гиганти Фенербахче и Галатасарај покажаа голем интерес за неговите услуги, но медиумите пишуваат дека на хоризонтот се појави и тим од Италија.

Хрватскиот напаѓач веќе четири години го носеше дресот на Јувентус и добро се запознаени со неговите квалитети на италијанска почва. Во редовите на „Старата дама“ во Торино, тој запиша 162 настапи и постигна 44 голови, освојувајќи осум трофеи, вклучувајќи четири „скудета“.

Тој, наводно, е баран од Милан, во чии редови може да се отвори место со заминувањето на Златан Ибрахимовиќ. „Росонерите“ го бараа Манџукиќ уште пред да замине за Катар.

Тој се збогува со репрезентацијата на Хрватска, откако освои сребро на СП 2018 во Русија. Во дресот на „ватрените“ тој забележа 89 настапи и постигна 33 голови.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија