Утрински Весник
Македонија

Во Домот за стари лица Куманово дозволени посети на отворено и со придржување на протоколите

Во Домот за стари лица Куманово дозволени посети на отворено и со придржување на протоколите

Куманово, 23 јуни 2020 (МИА) – Роднините, членови на семејствата на корисници на услугите на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово можат да закажат средба преку вработените во установата и да се видат со нивните роднини, само до пред влезот на дворот на установата под посебни услови пропишани од надлежните здравствени установи, соопштија одговорните од јавната општинска установа.
Надлежните од Домот за стари лица денеска појаснија дека веќе контактирале со надлежни институции Министерството за труд и социјална политика, Комисијата за заразни болести и Центарот за јавно здравје.
– Ние веќе почнавме не со посети, но со контакти од далечни, не се класични посети, влегување во домот сè уште не е дозволено за роднините, тие посети се одвиваат согласно пропишаните мерки од здравствените установи. Посетителите мора да носат заштитна маска и ракавици директен контакт не е дозволен, туку е потребно да се одржува минимално потребно растојание од два до три метри, изјави директорот на установата, Дејан Стојановски.
Заинтересираните мора да ја најават посетата на домот на достапните броеви на социјални работници или во амбулантата која функционира во рамки на установата.
За информации, можат да се обратат на броевите на социјалните работници 076/336-144, 076/280-125, во амбулантата 076/336-143. Од почетокот на ширењето на коронавирусот во домот, претходно немаше никакви посети, беа преземени ригорозни мерки за заштита на корисниците. Роднините можеа да контактираат само преку видео телефонски повик.
Во домот имаше една заразена корисничка и две вработени, кои сега се чувствуваат добро, вработените се веќе на своите работни места и корисничката е негативна после два направени теста и сè уште во изолација согласно пропишаните протоколи.ам/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ