Утрински Весник
Македонија

Во Кичево ќе се одржуваат „Три еднодневни обуки” во рамки на проектот „Граѓанско учество за интеркултурно општество”

Во Кичево целосно се почитува полицискиот час

Кичево, 23 јуни 2020 (МИА) – Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) и Здружение за развој на младите „Фактор“ од Кичево распишуват повик за учесници на „Три еднодневни обуки” во рамки на проектот „Граѓанско учество за интеркултурно општество”.

Целта на обуките е да се изградат капацитетите и да се стекнат вештини за: работењето и потребите на Комисијата за односи меѓу заедниците, застапување базирано на истражувачки факти, граѓанско учество и модели на ѓраѓанско учество како дел од демократско учество, вовед во стратегијата „Едно општество за сите” креирање на акциски планови за спроведување на иницијативи вели Арбен Ристеми од Здружението.

Проектот, вклучувајќи ги трите еднодневни обуки, е поддржан од Амбасадата на Кралство Холандија.

Трите еднодневни обуки се состојат од три дела: Имплементација на три еднодневни обуки , првиот дел од трите еднодневни обуки се состои од работилници и предавања на следниве теми: работата и функционирање на КОМЗ на локално ниво, застапување, граѓанско учество, модели на граѓанско учество, стратегија „Едно општество за сите” и креирање на акциски планови, додаде Ристеми.

Трите еднодневни обуки ќе бидат спроведени од обучувачи, експерти во наведените области. Обуките ќе бидат интерактивни при што би се обезбедила поголема вклученост од учесниците.
По завршувањето на обуките и со учество на сите три еднодневни обуки, учесниците ќе добијат сертификат, објасни тој.

Имено, денеска е последен ден за пријавување, обуката ќе се одржи онлајн.рз/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Британски и американски документи за македонската победа над фашизмот: Македонското партизанско движење попрво е националистичко, отколку комунистичко

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

Македонскиот павилјон на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи павилјони