Утрински Весник
Македонија

Манчевски: Обезбедивме соодветно и фер претставување на сите политички партии, недозволиво е фаворизирање

Манчевски: Обезбедивме соодветно и фер претставување на сите политички партии, недозволиво е фаворизирање

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Моравме да интервениравме со Уредба на Владата за да обезбедиме соодветно и фер претставување на сите политички партии во изборната кампања како што тоа било во минатото, рече денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, одговарајќи на новинарско прашање зошто Државната изборна комисија (ДИК) не ги известила медиумите дека и политичката партија БЕСА може да учествува како огласувач.

Јавноста, наведе на прес-конференција Манчевски, е свесна и знае дека изминатите денови имаше незаконски обиди од страна на опозицијата особено во соработка со Агенцијата за аудио и аудиовиовизуелни медиумски услуги конкретно на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да и се доделат сите минути кои се за двете главни опозициски партии за медиумско претставување. Согласно ова, иако ДИК имаше спротивен став, моравме да интервенираме со Уредба на Владата со којашто обезбедивме соодветно и фер претставување на сите политички партии како што тоа било во минатото, рече манчевски одговарајќи на новинарско прашање, рече Манчевски.

Според него, нема кратење на рекламниот простор за платено политичко реламирање во медиумите.

-Кај медиумскиот простор не се работи за кратење, туку напротив го зголемиве бројот на часови за платено политичко рекламирање на 15 часа на ден токму имајќи во предвид дека овој изборен процес и кампања ќе се водат во поинакви услови заради здравствената криза и оти физичкиот  контакт и кампањата на терен со граѓаните ќе биде многу ограничена. Го зголемивме бројот на часови и обезбедивме фер и избалансирано претставување согласно идејата и духот на Изборниот законик кој што да бидем искрени одредени политички партии, па и институции, се обидоа да го злоуотребат, посочи Манчевски.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто е донесена Уредба за менување изборни правила на 24 часа пред почеток на кампања и дали знае дека сега медиумите имаат помалку од пет часа да отпишат договори за рекламирање со сите партии, а АВМУ воопшто немаат време да ги разгледаат сите барања Манчевски потенцираше дека се работи за незаконско упатство од страна на АВМУ.

-Ние за ова прашање  разговаравме и се обраќавме во текот на целиот  период последните неколку денови. Апсолутно се работи за незаконска одлука, упатство,  од страна на Агенцијата за  аудио и аудиовизуелни медиумску услуги. Сакам да потсетам на слично упатство коешто Аенцијата  го донесе и за медиумското  претставување за време  на референдумот кога  согласно упатството на АВМУ  требаше да се покријат трошоците за  медиумско претставување и на кампусот којшто се бореше  за бојкот на референдумот, меѓутоа тогаш ДИК  апсолутно не го прифати тоа упатство,  па ниту  медиумите. Сега, исто така, имаме спротивставени ставови  на ДИК и на Агенцијата.  Не сфаќам како тоа медиумите еднострано одлучиле да прифаќаат само една страна на аргументацијата особено затоа што согласно ова незаконско толкување  од страна на АВМУ на една опозициска  партија сакаше да и се даде двојно повеќе време отколку на сите други партии и тоа да биде покриено со парите на граѓаните, рече Манчевски,

Со буџетски средства, дополни, АВМУ предложи  ВМРО – ДПМНЕ да добие двојно  повеќе медиумски простор, отколку владејачките партии.

– Апсолутно сметам дека е соодветна уредбата  со оглед на тоа што моравме да спречиме  беззаконие  коешто внесуваше заблуди кај оние кои се најмалку  дел од проблемот, а тоа се  медиумите кои што беа ставени во една незавидна ситуација, оцени Манчевски.

Според него, постои официјален допис од ДИК потпишан од претседателот на ДИК во којшто се обраќа до  СДСМ, БЕСА, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ посебно и до останатите партии во коишто бара да го известат за распределбата за времето на платено политичко рекламирање.

-Ова е уредба со законска исла  и мислам од аспект на медиумското  претставување граѓаните ќе имаат шанса да бидат претставени политичките партии,  вкупното време за платена политичка програма се зголеми, но апсолутно не може да се дозволи со парите на граѓаните некој да демонстрира политичко самоволие и да фаворизира одредена политичка партија. Тоа не е демократски, рече Манчевски.

Владата на синоќешнта седница донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието со која се регулираат правилата за платено политичко рекламирање за политичките партии, како и правилата за обврската на медиумите за бесплатно да ги емитуваат информативните и едукативните кампањи на ДИК, кои се определуваат во траење од 30 секунди на секој час.
Измените и дополнувањата на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите ги утврдува и правилата за распределбата на рекламниот простор на интернет порталите и во печатените медиуми наменет за платено политичко рекламирање, како и начинот и правилата за распределбата на финансиските средства за платено политичко рекламирање обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија согласно член 76-д од Изборниот законик. лв/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!