Утрински Весник
Спорт

Агуеро има оштетување на менискусот, ќе мора на операција

Агуеро претрпе сообраќајна несреќа (ФОТО)

Манчестер, 23 јуни 2020 (МИА) – Таткото на напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро, Леонел дел Кастило, информира за степенот на сложеност на повредата на неговиот син.

– Неодамна разговарав со Серхио. Тој веќе имаше проблеми со коленото минатата недела, дури и пред натпреварот. Серхио има повреда на менискусот. Во наредните денови, лекарите ќе проценат што се случило со него, но веќе во четврток-петок тој треба да лета за Барселона на операција, како во 2018 година, кога доби слична повреда на коленото, соопшти Дел Кастиљо.

Аргентинецот заработи оштетување на коленото во натпревар од 30. коло од шампионатот на Англија против Барнли (5:0). зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје и Башкими попладнево го играат единствениот натпревар

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера