Утрински Весник
Македонија

Родители од Тетово бараат да не се плаќа резервацијата на местата во градинките

Родители од Тетово бараат да не се плаќа резервацијата на местата во градинките

Тетово, 23 јуни 2020 (МИА) – Барање за целосно ослободување од месечниот надоместок за користење на градинката во времетраење на Ковид-19 кризата додека децата не се згрижени таму, поднеле дел од родителите на децата во објектите на општинската јавна установа детски градинки „Младост“ во Тетово. Износот од 521 денар тие го платиле за април, мај и јуни, а добиле насоки така дека ќе биде и за јули и август.

-Упатуваме барање да бидеме целосно ослободени од плаќање на месечниот надомест за градинка во периодот додека децата се дома поради кризата со коронавирусот, односно да не се плаќаат режиските трошоци, кои родителите имаат обврска да ги платат кога децата се запишани, а не одат во градинка. Ваквото барање го поткрепуваме со фактот што децата не можат да ги користат услугите на градинката не поради сопствена вина или вина на родителите, туку поради кризата со корона вирусот, велат родителите во барањето.

Тие од добиле одговор дека Управниот одбор на ОЈУДГ Младост од Тетово дека е одржана седница на која е одлучено по нивното барање да остане во примена правилникот што е на сила.

-Тоа подразбира дека за месеците што не одат децата во градинка треба да да се плаќа резервација на место што е 521 денари, се вели во одговорот до родителите.

Рамије Даути, директорка на ОЈУДГ „Младост“ појасни дека одлуката за наплаќање на резервација е на Управниот одбор на која мора да се придржува.

-Во управниот одбор членуваат и родители покрај претставници на Министерството за труд и социјална политика и општина Тетово.  Установата треба да исплати плати и да ги плати сметките за струја, вода и слично. Воедно нашите вработени извршуваат работни задачи, со дел од децата преку интернет се врши и воспитниот процес. Се плаќа само резервација на местото како што е во редовна состојба и тоа е 521 денари. Според нашите сознанија станува збор за едни од најниските цени што ги има во градинките во Македонија, изјави Даути.

Износот за целодневен престој на децата во градинка за еден месец во редовни услови чини 1.490 денари, додека за полудневен престој 806 денари. Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека се уште е рано да се отворат градинките.  ас/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Локализиран е пожарот кај Пехчево

Димитриевски: ЗНАМ е еднаков партнер во власта, од ВРЕДИ грешат ако сметаат дека со овие гестови ќе иницираат дестабилизација на Владата

Влада: Формирано координативно тело за унапредување на високото образование, нова зграда на Драмски театар, план за капитални инвестиции во општините