Утрински Весник
Македонија

Хусто Хорхе Падрон застапен во новото издание на битолски „Современи дијалози“

Хусто Хорхе Падрон застапен во новото издание на битолски „Современи дијалози“

Битола, 23 јуни 2020 (МИА) – Шпанскиот поет Хисто Хорхе Падрон е еден од повеќето странски и македонски поети и писатели застапени во најновиот број на списанието за култура и литература „Современи дијалози“ чиј издавач е Македонско научно друштво-Битола.

Во годината на јубилејот, односно шест децении од формирањето на МНД-Битола, списанието кое е отпечатено со финансиска поддршка на Министерството за култура, на 258 страници е исполнето со поезија, проза, книжевни критики, рецензии и други содржини.

-Списанието за култура, литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ осум години успешно егзистира во биотопот на современата македонска и светска литература, култура и уметност. Списанието е со меѓународен уредувачки одбор во чиј состав се истакнати колеги од Словачка, Србија, Велика Британија, Русија, Саудиска Арабија и други кои учествуваа во креирањето на содржината исполнета со околу 120 творби на над четириесет македонски писатели, научни работници и ликовни уметници и 160 творби на писатели од странство, кои поеднакво ни се важни, а меѓу нив, еден од најпреведуваните шпански поети Хусто Хорхе Падрон, кого во оваа наша славенечки година, лично го обезбеди проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска, членка на редакцијата и претседател на уредувачкиот совет во МНД-Битола, истакна проф. Весна Мундишевска Велјановска, главен уредник на списанието.

За најновиот број на списанието „Современи дијалози“ чиј издавач е Македонско научно друштво-Битола публикувани се информации во стручни списанија во НР Кина, Црна Гора, Романија и други држави, информираат од МНД-Битола.мт/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Хаос на патарини и гранични премини

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари работна средба со новиот генерален директор на АД МЕПСО, Бурим Љатифи. 

Хаос во дискотека во Охрид – масовни тепачки меѓу малолетници имало и повредени