Утрински Весник
Македонија

Во близина на границата со Северна Македонија грчката полиција уапси лице кое пренесувало 12 нелегални мигранти

Во близина на границата со Северна Македонија грчката полиција уапси лице кое пренесувало 12 нелегални мигранти

Атина, 22 јуни 2020 (МИА) – Странски државјанин кој во неговиот автомобил пренесувал 12 нелегални мигранти, меѓу кои и три деца, бил уапсен во близина на границата со Северна Македонија, со намера нелегално да ја напуштат Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Како соопштија од грчката полиција, во близина на грчкиот град Пела возачот на возилото не застанал на знакот на полицајците и ја зголемил брзината за да избега, но бил фатен и уапсен, по што биле откриени мигрантите, а намерата била, преку нелегален премин да ги изнесе од Грција.

Грчката полиција го конфискувала возилото, а уапсениот бил изнесен пред јавен обвинител. ср/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври