Утрински Весник
Економија

Бинзините и дизелот поскапуваат за еден денар

Бинзините и дизелот поскапуваат за еден денар

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – За еден денар од полноќ поскапуваат нафтените деривати, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според најновата одлука на РКЕ, во следните седум дена цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 62,50 ден/лит, а малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 52 ден/лит.

Поскапо за еден денар ќе биде и Екстра лесното масло за домаќинство. Неговата нова цена ќе биде 41 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,510 ден/кг во однос на претходно утврдената цена со што тој ќе се продава по 25,396 ден/кг.

Зголемувањето се должи на поскапувањето  на цената на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МАСИТ: ИКТ секторот во Македонија достигна 1,77 милијарди евра приходи

Зголемени и извозот и увозот, најмногу се тргува со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е ликвиден, сервисирани се сите обврски, повратот на ДДВ кон компаниите е поголем за 4,7 отсто во споредба со лани