Утрински Весник
Македонија

Родители и ученици протестираа пред средното медицинско, не сакаат квалификациски тест

Родители и ученици протестираа пред средното медицинско, не сакаат квалификациски тест

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Ученци и нивни родители претпладнево протестираа пред влезот на средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов““ во Скопје затоа што не сакаат квалификациско тестирање од кое ќе зависи кои ученици ќе бидат примени во прва година во 2020/2021 за насоката медицинска сестра на албански наставен јазик.

Во Конкурсот на МОН за оваа насока за настава на албански јазик се предвидени 102 ученика во три паралелки, а со ист број максимални 75 бодови се пријавени 166 ученици.

Тие требаше да имаат денеска тестови по предметите биологија и хемија и од успехот и резултатите да се одреди кои ученици ќе бидат примени во училиштето. Учениците и родителите со извици протестираа во училишниот двор, барајќи да се отвори уште една паралелка за да нема елиминациски тест.

Директорката на училиштето Маја Салиу е недостапна за изјава за да информира дали ќе има средба со родители или дали од МОН има насоки како да се постапи. Во медицинското „Д-р Панче Караѓозов“ и во минатите години имаше поголем број пријавени со успех 5.00 во основно, а и протести од родители кои не се согласуваат со дополнителни тестови.

Покрај во медицинското во Скопје, квалификациско тестирање денеска треба да има во уште две средни училишта за истата насока – медицинска сестра, но за настава на македонски јазик – во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, каде што за слободни  34 места односно една паралелка се пријавени 39 ученици, и во СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп, каде што за 34 места односно една паралелка конкурирале 44 ученици со максимални (75) бодови. хс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Верувам дека власта ќе го прифати законот за Кочани, ќе разговарам со пратениците

Нуркачка акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад

Родителите на починатите во “Пулс” ја одбија средбата со премиерот Мицкоски