Утрински Весник
Економија

Состанок на Дигиталниот форум за Уредбата за ваучери за дигитални вештини на млади

Состанок на Дигиталниот форум  за Уредбата за ваучери за дигитални вештини на млади
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Дигиталниот форум одржа состанок на кој беше претставена Уредбата за доделување ваучери на млади лица до 29 години за обуки за дигитални вештини. Ова независно тело е надлежно за селекција на правните лица кои ќе се пријават, како и обуките што ќе се понудат.

-Со членовите на форумот разговаравме за следните чекори за пријавување и селекција на правните лица кои ќе нудат обуки, за критериумите и кои се потребите на пазарот на трудот, напиша министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски во објава на својот профил на Фејсбук.

Манчевски потенцира дека целта е на младите да им се понуди листа на обучувачи и на релевантни обуки од кои тие понатаму ќе можат да избираат.

-Само преку квалитетни програми за дигитални вештини ќе продуцираме кадар конкурентен на пазарот, вели Манчевски.

Предвидено е да се финансираат обуки за од најосновни до напредни  дигитални вештини. Вкупниот буџет е во износ од 150 милиони денари.

Во Дигиталниот форум членуваат претставници на универзитетите со ИКТ студии, четирите стопански комори, ИКТ експерти и двајца претставници на институциите. лв/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УЈП: Потпишан трипартитен договор за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица

Новата година носи поскапување на градинките во десетици општини

Македонските семејства над половина од буџетот го трошат на храна