Утрински Весник
Магазин

Бабичка застрела крадец на својот имот

Бабичка застрела крадец на својот имот

Нешвил, 22 јуни 2020 (/) – Меј Бојс од Нешвил, Тенеси, САД, со пиштол застрелала крадец, откако „ѝ се смачило“ да ѝ крадат од погонот за производство на алкохол, како што таа изјавила пред полицијата.

Вдовицата која е на самиот залез од 9-то десетлетие од својот живот, го зела својот револвер кога еден возрасен маж се обидел да ѝ украде алкохол од нејзиниот имот минатата седмица и, пукала во човекот.

– Го направив тоа што требаше. Се надевам и дека ќе се расчуе, оти веќе нема да го трпам ова, изјави бабичката за весникот „Њујорк пост“.

Таа е пуштена од притвор со кауција од 10.000 долари. Полицијата ѝ го одзела оружјето. Всушност, бабичката не целела кон крадецот, туку во подот… Но, го погодила во ногата. Таа никогаш досега не пукала со оружје.

– Кога луѓе коишто те краделе со години те сметаат и за глупачка, тогаш „ти пука филмот“. И не ме поставувајте во редот на беспомошни стари жени. Знам како да се грижам за себе!, додава Бојс.

Бојс работи во својата просторија за производство на алкохол шест дена во седмицата. Погонот го поседува уште од 1994 година.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста