Утрински Весник
Македонија

МВР објави листа на физички и правни лица на кои не може да им се достават решенија за прекршоци

МВР објави листа на физички и правни лица на кои не може да им се достават решенија за прекршоци

 

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи на својата веб страна денеска објави листа со имиња и презимиња на 35 физички и правни лица на кои не може да им бидат доставени решенија за извршени прекршоци.

– Се повикуваат овие физички и правни лица, во рок од осум дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Скопје -5, Комисија за одлучување по прекршок, во објектот на МВР-Сектор за прекршоци на улица „Димитар Туриманџовски“ бр.1 населба Лисиче (до Трговскиот центар)-Скопје, во својство на странки за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 8:30-16:30 часот, на кои согласно член 385 став 3 од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата, доколку не се задоволни од донесеното решение ќе можат да поведат управен спор пред Управниот суд, се вели во објавата на веб страната на МВР.

Доколку лицата не се јават, додаваат, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со член 385 став 3 од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Реновирани спортските капацитети на полициското одморалиште во Пониква

Вицепремиерот Николоски по средбата со УКЕФ во Лондон: Средствата од 6 милијарди евра ги потврдивме и се ставаат на располагање за капитални проекти

Трипуновски: За откупот на пролетната зелка имаме девизен прилив од околу 32 милиони евра