Утрински Весник
Спорт

Рамос постави рекорд во Ла Лига па се повреди

Рамос: Реал ќе продолжи да се подобрува

Сан Себастијан, 22 јуни 2020 (МИА) – Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос се искачи на првото место на вечната листа во Ла Лига по постигнати голови кога станува збор за одбранбени фудбалери.

Рамос синоќа од пенал го постигна првиот гол за Реал во победата над Реал Сосиедад со 2:1.

За капитенот на „кралевите“ ова беше 68 погодок поминувајќи го Роналд Куман кој своевремено стигна до 67 гола во Ла Лига.

Оваа сезона, 34-годишниот Рамос играше на 28 натпревари од шампионатот на Шпанија, и седум пати се запиша во листата на стрелците. Сепак, неизвесно е дали ќе може да постигне уште некој гол до крајот на сезоната, бидејќи вчера го повреди коленото по еден дуел со Александар Исак. Фудбалерот се обиде да се врати во игра, но сепак побара замена. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката