Утрински Весник
Политички Партии

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на изјава на претседателот на СДСМ Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Заев треба да се одмори и тоа по можност на подолго време

 

21 јуни 2020

Соопштение до јавноста, реакција на изјава на Зора Заев

Зоран Заев исплашен од новинарски прашања за да не се открие криминалот кој го прави денеска избега и сам си даде изјава за медиумите која претходно беше најавена за медиумите. Тоа е доказ дека Заев се плаши да не се открие целата неговата поврзаност во случајот „Рекет“ односно каде завршила Луј Витон торбата.

Не само стравот од случајот „Рекет“, Заев е исплашен и да одговори на прашањето кој е главниот нарачател и виновник за поставување на експлозивна направа во објектот на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Уште и без никаков срам Заев се фали дека инвестирале во патната инфраструктура, но овие три години откако се тие на власт не само што не започнаа ниту еден проект, не беа ни способни да ги завршат проектите започнати од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт