Утрински Весник
Спорт

Интер најде замена за Лаутаро во Сити

Бразил убедлив против Хондурас, хет-трик на Жезус

Милано, 21 јуни 2020 (МИА) – Екипата на Интер се насочи кон напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жезус, како замена за Лаутаро Мартинез. Барселона важи за главен фаворит за потписот на репрезентативецот на Аргентина. Има клаузула за откуп, вредна 111 милиони евра, која истекува во јули.

Сепак, Каталонците не се подготвени да дадат толку огромна сума и ќе сакаат да дадат двајца играчи како дел од договорот. Се верува дека станува збор за Иван Ракитиќ и Артуро Видал.

Доколку се постигне договор, „нероазурите“ ќе се обидат да го привлечат Габриел Жезус од Манчестер Сити, пренесува „Манчестер Ивнинг Њуз“.

Бразилецот има 18 гола во сите натпреварувања за „небесносините“ оваа сезона, но не е стартер за Пеп Гвардиола, кој претпочита да се обложува на Серхио Агуеро.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз