Утрински Весник
Македонија

Регистрирани 805 прекршоци за неносење маски, 213 лица испратени во изолација, а 299 во самоизолација

Регистрирани 805 прекршоци за неносење маски, 213 лица испратени во изолација, а 299 во самоизолација

Скопје, 21 јуни 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата им се издадени решенија за изолација на 213 лица, а 299 други потпишале изјави за самоизолација, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението се додава дека полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека четворица не ја почитувале мерката за изолација, а четворица други мерката за самоизолација.

Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 805 прекршоци, информира МВР. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Азир Алиу му ја предаде функцијата на Сашо Клековски

ВМРО-ДПМНЕ: Македонската дијаспора е жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ 

Тројца управители и фирма осомничени за даночно затајување и прикриена продажба од 14,5 милиони денари