Крива Паланка, 20 јуни 2020 (МИА) – Зелениот пазар во Крива Паланка денеска беше отворен и своите производи можеа да ги пласираат сите земјоделци и пазарџии од државата, но со засиелни безбедносни мeрки и протоколи.
Вработените во Јавното претпријатие „Комуналец“, кое стопанисува со зелениот пазар, обезбедија редарска служба за контрола на задолжителното почитување на сите безбедносни мерки и протоколи од страна на сите присутни во пазаришниот простор.
-Поставени беа пунктови за дезинфекција на главните и алтернативни влезови на пазарот, ја контролиравме редовната дезинфекција на продавачите, купувачи, редари и службени лица за одржување и обезбедување на пазарот, а се вршеше дезинфекција и на возилата кои влегуваа и излегуваа од реонот на пазарот. Претставници на МВР во текот на целиот пазарен ден, од 7 до 15 часот, вршеа контрола на задолжителното носење маски и одржување дистанца на граѓаните, изјави Миле Марковски, директор на ЈП „Комуналец“.
Покрај земјоделски производи и цвеќе, на зелениот пазар денеска се продаваше и текстилна стока. ид/хс/