Скопје, 20 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов поладнево на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на КОВИД-19, а резултатот е од денешно тестирање.
Тој напиша дека има добра клиничка слика, благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализорање.
– Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се преземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Ковид-19. Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому. Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава.Чувајте се и чувајте ги другите околу вас, напиша Шилегов на Фејсбук. хс/сп/