Утрински Весник
Македонија

Пет здравствени работници од штипската Клиничка болница се активни случаи на коронавирусот

Пет здравствени работници од штипската Клиничка болница се активни случаи на коронавирусот

Штип, 20 јуни 2020 (МИА) – Медицинска сестра од штипската Клиничка болница, која работела на друго одделение, а била на помош на своите колешки на Инфективното одделение е новиот позитивен случај на коронавирусот меѓу здравствените работници. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека медицинската сестра уште пред 10 дена е во изолација. Таа заедно со уште пет здарвствени работници, меѓу кои двајца лекари, две медицински сестри и еден лаборант се ставени во изолација по потврдените два случаи на здравствени работници на 9 јуни.

-Со новиот позитивен случај, во моментов активни заразени со коронаинфекција имаме вкупно пет здравствени работници. Тестирани се и медицинскиот персонал од смената на одделението за неонатологија, акушерство и гинекологија. Овие резултати се чекаат, а според епидемиолозите во изолација се ставени и седумте родилки и нивните новороденчиња од Штип, Радовиш, Пехчево и Македонска Каменица, вели Ѓеорѓијев.

Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје-Штип ги очекуваат и резултатите од тестовите на медицинскиот персонал во Итната Медицинска помош во Штип, каде што до вчера се регистрирани вкупно двајца позитивни случаи, од кои еден лекар и еден возач.

На Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип болнички се лекуваат вкупно 21 пациент, но имаат и тројца сомнителни пациенти со симптоми, за кои се чекаат резултатите.вдј/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Семејствата на жртвите од „Пулс“ против концертот за Петровден – Крстевски откажа, но беше исвиркан

МВР брани насилници, ете зошто жените тука завршуваат мртви, рече Арсовска

Петровска: Вчера пратеничка денес градоначалничка кој е следен ?