Утрински Весник
Политички Партии

Соопштение од СДСМ за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во услови на пандемијата со КОВИД

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да крева партиска хистерија, сите предлози да ги доставува преку Наќе Чулев, нивен претставник и министер во Владата

 

20 јуни 2020 

Полна му беше устата на Мицкоски со наводна грижа за здравјето на граѓаните, а со сите постапки директно го загрозува јавното здравје

Полна му беше устата на Христијан Мицкоски со наводна грижа за здравјето на граѓаните, а се што прави е на штета на нивното здравје. Малку му беше што одеше по теретани и кафеани, кога тоа беше забрането, сега организира партиски собири спротивно на сите Протоколи за заштита на здравјето и со тоа директно придонесува за ширење на коронавирусот.

Не само што, во овој исклучително тежок период, не помогнаа, туку со своите постапки и однесување директно го загрозија здравјето на десетици граѓани.

Не се грижат ниту за здравствените работници, кои се првата борбена линија и кои постојано апелираат да нема групирање и да се носи заштита, за да им се олесни работата.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголема закана за здравјето на граѓаните. Тие се најголеми непочитувачи на мерките и препораките а нивниот Наќе Чулев намерно го саботира системот одвнатре.

На сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се грижат само за сопствените привилегии и интереси, на штета на граѓаните.

Социјал демократскиот сојуз на Македонија апелира до граѓаните, да ги почитуваат мерките и препораките и да не го следат лошиот пример на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Токму заради ваквото незрело, неодговорно и несериозно однесување, на 15 јули ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат казнети од страна на граѓаните .

СДСМ била и останува на страната на заштита на интересите на граѓаните и покажува вистинска грижа за заштита на нивното здравје.

СДСМ е заедно со граѓаните во борбата со сите предизвици.

Центар за комуникации СДСМ 

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт