Утрински Весник
Македонија

Нови 659 прекршоци за неносење маска, четири лица не ги почитувале мерките за изолација и самоизолација

Нови 659 прекршоци за неносење маска, четири лица не ги почитувале мерките за изолација и самоизолација

Скопје, 20 јуни 2020 (МИА) – За мерката неносење лична заштита на лице во изминатото деноноќие се регистрирани 659 прекршоци, а на 366 лица им се издадени решенија за изолација, додека 261 лице потпишало изјава за самоизолација, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за изолација, а три лица не ја почитувале мерката за самоизолација.лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николова: Оптимизацијата на Јаневска значи отпуштања наставници и гасење на руралните средини

Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид, велат од Министерството за транспорт

Ангелов: Нема забрана за влез во шумите, граѓаните само ќе треба да извадат дозвола