Утрински Весник
Македонија

Стартува изградба на канцеларија „Една точка за услуги“ во Охрид

Стартува изградба на канцеларија „Една точка за услуги“ во Охрид

Скопје, 20 јуни 2020 (МИА) – Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска ќе изврши увид во почетокот на изградбата на канцеларијата „Една точка за услуги“.

Настанот ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.

Проектот „Една точка на услуги“ ќе овозможи на едно место да се добијат повеќе услуги од повеќе министерства и државни институции, со што значително ќе се намали времето на чекање на граѓаните.

Министерот за информатичко општество и администрација вчера во Скопје го промовираше новиот изглед и начин на работа на салата Една точка за услуги. В понеделник започнува со работа и Една точка за услуги во Тетово, а веќе се започнати и активностите за канцелариите во други градови, меѓу кои и Охрид. ир/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во скопски Карпош уапсен крадец на велосипеди

Макфест во знакот на големите музички имиња

Филипче: Мафијата што ја демонтираат во Србија се пренесе кај нас преку СНС врз ВМРО, преку Вучиќ врз Мицкоски