Утрински Весник
Спорт

Хавиер Пасквал: Следните недели чекорите на трансфер пазарот ќе бидат посигурни

Хавиер Пасквал: Следните недели чекорите на трансфер пазарот ќе бидат посигурни

Санкт Петербург, 19 јуни 2020 (МИА) – Познатиот кошаркарски стручњак, Хавиер Паскал, кој ја извршува тренерската функција во Зенит, смета дека поради пандемијата на коронавирус и суспензијата на сезоната 2019/20, клубовите не се толку активни на пазарот за трансфери како порано.

– Постојат клубови како Милан или Олимпијакос кои сега се агресивни на пазарот. По сите овие проблеми со пандемијата, многу екипи размислуваат што да направат, да ги проценат економските загуби и сè уште чекаат за нивниот буџет за сезоната. Некои екипи веќе преземаат чекори и собираат одлични ростери. Пазарот постепено се движи, бавно, но се движи, така што сите тимови мора да бидат подготвени за поактивно делување во следниот период, изјави Паскал.

Пазарот е сè уште мирен, но мислам дека веќе следната недела чекорите ќе бидат посигурни, додаде шпанскиот тренер. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца тенисери се повлекоа од Олимпијадата во Париз

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина