Утрински Весник
Спорт

Во Франција одлучија да не ја прошируваат Лига 1 на 22 екипи

Марсеј го совлада Стразбур и ја прекина серијата од четири натпревари без триумф

Париз, 19 јуни 2020 (МИА) – Раководството на Професионалната фудбалска лига на Франција едногласно гласаше против проширување на Лига 1 со 22 во сезоната 2020/21, објавено е на официјалната веб-страница на организацијата.

Во врска со почетокот на сезоната во Франција, се разгледуваше можноста за промена на форматот на турнирот, меѓутоа, раководството на францускиот фудбал дојде до заклучок дека експанзијата е невозможна, со оглед на последиците од кризата и финансиските проблеми на клубовите.

Така, најверојатно, Амиен и Тулуз, кои ја завршија сезоната на последните места на пласман, ќе ја напуштат елитната дивизија.

За потсетување, по предвремениот прекин на сезоната ПСЖ беше прогласен за шампион на Франција. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз