Утрински Весник
Македонија

Регистрирани нови 156 случаи на КОВИД-19, починати шест лица, 27 оздравени

Потврдени 182 нови случаи со Ковид 19, починати шест, оздравени 33 пациенти

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.227 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје- 100, Куманово-11, Дебар-1, Штип-6, Прилеп-1, Тетово-19, Струга-2, Велес-6, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Кочани-3, Кратово-1, Свети Николе-1.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 27 оздравени пациенти од: Скопје-10, Штип-3, Тетово-10, Велес-1, Битола-1 и Неготино-2.

Починати се шест лица: четворица пациенти од Скопје и двајца од Тетово.

– На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се 2 лица од Скопје, пациентка на 70 години, хоспитализирана на 16 јуни и пациентка на 76 години, од 10 јуни на клиниката. На Клиниката за нефрологија почината е пациентка од Скопје на 74 години и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ почината е пациентка од Скопје исто така на возраст од 74 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на 66 години, примена во болницата на 14 јуни. Во КБ Тетово почина пациент на возраст од 71 година, хоспитализиран на 16 јуни, наведоа од Министерството за здравство.

Во рамки на скринингот се направени 31 тестирања во градинки во Штип, а нема позитивен резултат на КОВИД-19.

– На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 99 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 126 пациент. На респираторна машина се седум, a со потешка клиничка слика се уште 36 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти, а во болницата во Штип 19 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19, информираа од Министерството за здравство. см/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути