Утрински Весник
Македонија

Почна реконструкцијата на петте краци помеѓу „Доне Божинов“ и „Октомвриска револуција“ во Куманово

Почна реконструкцијата на петте краци помеѓу „Доне Божинов“ и „Октомвриска револуција“ во Куманово

Куманово, 19 јуни 2020 (МИА) – Почна реконструкцијата на петте краци на потегот помеѓу улицата „Доне Божинов“ и булеварот „Октомвриска револуција“ објави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Од одделението за јавни набавки од општина Куманово, денеска информираа дека ќе се поставуваат бекатон плочки помеѓу станбените единици на овој потег во Куманово. Од општинскиот буџет за оваа намена одвоени се над 3, 6 милиони денари, а ќе се реконструираат над 6, 7 илјади метри квадратни површина.

Фирмата изведувач „Битем Скопје“ треба да ја заврши реконструкцијата до средината на јули, велат надлежните од одделението за јавни набавки. ам/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денеска ново рочиште за случајот „Државна Лотарија“

Забранета водата за пиење во четири струмички села – откриени бактерии и фекално загадување

Петковска: Во 2025 година 66 отсто од пресудите не биле јавно објавени