Утрински Весник
Политички Партии

Изјава за медиуми на Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

Изјава за медиуми на Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

 

Скопје, 19 јуни 2020 

Почитувани,

Зоран Заев предвреме ја почна кампањата, со митинг во Идризово. Од таму велат поздрав до Зоран Заев и Вице Заев и Шекеринска.

Овие фотографии не се од партиски штаб на СДСМ, ова се фотографии од затворот Идризово, кој е претворен во партиски штаб на СДСМ.

Осуден за дрога во затворот Идризово повикува да се гласа за Заев и Шеќеринска.

Фотографии и видео материјал кој се шири на фејсбук покажуваат како Јане Павловски, викан Јане Тица, кој се наоѓа во затворот за издржување на затворска казна го претворил затворот во партиски штаб.

Во затворот се внесени реквизити, знамиња и партиски пропаганден материјал и буквално како што се гледа од сликата е направен партиски штаб во самиот затвор.

Ова е недозволиво и политизација на КПУ Идризово од невидени размери.

Бараме итна оставка од директорот на Идризово и одговорност од Дескоска.

Поставувањето на партиските реквизити и правење на штаб не можело да помине без амин на затворската управа која раководи со затворот.

Ова е скандал од невидени размери и бараме итна оставка од директорот на затворот Идризово кој го дозволил ова.

Дополнително срамно е што ваквото дејствие на Тица и затворската управа е оправдано и од Ѓорги Галетановски, директор на скопската зоолошка градина, која во коментар на фотографиите и видео материјалот кои се шират на Фејсбук го фали Тица за неговата партиска активност во затворот.

Ги повикуваме и надлежните институции да ги санкционираат сите засегнати во случајот.

Со СДСМ добивме партизирана држава, криминал и корупција.

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме со Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.

Ви благодарам на вниманието

Новинарско прашање: Каква ќе биде кампањата којашто ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ, имајќи ја во предвид ситуацијата со коронавирусот во која се наоѓа државата?

Одговор: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се темели врз размислувањето и напатствијата на сите оние експерти и стручњаци од кои што е составена Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и ќе биде со цел да ги заштити животите и на партиските активисти, и на вас медиумите кои ќе ги покривате тие активности, но и на граѓаните коишто треба да бидат главни рецептори на пораките на сите политички чинители . Така да кампањата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се темели врз принципот дека здравјето на граѓаните е пред се и ние како политичка одгворна партија ќе направиме се што можеме, нормално по насоки на оние коишто најдобро ја познаваат таа материја за да го заштитиме нивниот живот.

Бојан Стојаноски, кандидат за пратеник во Изборна единица 2

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт