Утрински Весник
Македонија

Се чисти обраснатата површина на регионалниот патен правец кон селото Саса

Се чисти обраснатата површина на регионалниот патен правец кон селото Саса

Македонска Каменица, 19 јуни 2020 (МИА) – Во Македонска Каменица во тек се активности за расчистување на обраснатата вегетација на патниот правец кој води до селото Саса. Градоначалничката Соња Стаменкова која учествуваше во акцијата, информираше дека целта е да се обезбеди подобра прегледност на овој правец.
-Се наоѓаме во пазувите на Осоговските планини, во едно од најоддалечените места во селото Саса, каде што општина Македонска Каменица во соработка со Јавното претпријатие „Камена река“ и месното население започна со чистење на вегетацијата која е обрасната околу патот. Целта е подобрување на безбедноста на локалните патишта, рече Стаменкова.
Претходно, како што додаде, поставени се заштитни огради на локалните патишта каде е најопасно за движење.
-Во моментов се работи на земјено пробивање на патот кој поврзува две села, Луковица-Косевица. Поради тоа го известувам населението од село Косевица дека патот до Бошњаци беше во прекин, но сега со создавање на услови ќе продолжи втората фаза на тампонирање на патот и во регуларен рок ќе биде завршен, додаде Стаменкова.
Со ваквите активности, како што додадоа од Општината, ќе се продолжи и во останатите рурални средини. вс/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДУИ: Изјавата на Вучиќ е уште еден обид за дефокусирање и манипулирање со јавноста

47.ИФФК „Браќа Манаки” со импресивна програма со рекорден број гости, филмови и едукативни содржини

Хоџа: Зелената агенда мора да премине од заложби кон конкретни резултати за граѓаните од Западен Балкан