Утрински Весник
Политички Партии

Генералниот секетар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев посети населени места во Малешевијата

Генералниот секетар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев посети населени места во Малешевијата

 

Скопје, 18 јуни 2020

Јанушев: Кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донесат победата и обновата на Република Македонија

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев и носител на изборната единица 3 заедно со неколку други кандидати за пратеници од оваа изборна единица ги посетија населените места во Малешевијата.

Јанушев при својата посета посочи дека кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се луѓе кои пред граѓаните ќе покажат дека ВМРО-ДПМНЕ е поразлично од другите и дека ВМРО-ДПМНЕ излегува со луѓе на овие избори кои ќе ја донесат победата и обновата во Република Македонија.

Генералниот секретар Јанушев укажа дека кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се угледни луѓе, луѓе кои вложиле во својата работа и дека граѓаните ќе ги препознаат и ќе ја дадат поддршката за нив.

-Драги граѓани упатуваме ден повик, еден апел дека овие историски избори за државата се за да ја направиме Македонија не само пристојно место за живеење, да ја направиме Република Македонија место на кое што сите ние ќе бидеме горди. Ќе бидеме горди на идејата за независна и суверена Македонија и ќе кажеме стоп, доста е за сите предавства, за економската девастација, за проблемите на земјоделците, за проблемите во здравството, да ги направиме младите да бидат вистинска гордост на оваа држава, порача Јанушев.

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт