Утрински Весник
Спорт

Баерн и Барса се договорија: Кутињо останува на „Алијанц“

Кутињо: Сакам да се заблагодарам на Баерн со голови и добри перформанси на теренот

Минхен, 18 јуни 2020 (МИА) – Најскапата аквизиција во историјата на Барселона, Филипе Кутињо, ќе остане на позајмица во Баерн Минхен до крајот на сезоната во ЛШ, информира „Скај“.

Според документите, кариоката требало да се врати во Барселона на 1 јули, но според новите правила на УЕФА, поради пандемијата со коронавирусот, Баварците имаат можност да го задржат играчот.

Кутињо даде согласност, а Барселона не пречи ова да се случи. Како што е познато, двајцата гиганти се во топла врска и дури се шпекулира дека „блаугранас“ се подготвени да го продадат техничарот по ниска цена, што се однесува само на Баерн.

Ново-стариот шампион на Германија и официјално се откажа од можноста да го купи Кутињо, но не е ни чудо ситуацијата да се менува. Причината е што во моментов повредениот Бразилец сака живот во Германија и сака да остане во Бундеслигата.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер со 400 победи на грен слем турнирите

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен

АО: Тиен со совлада Медведев за прво грен слем четвртфинале