Утрински Весник
Спорт

Ернандез: Сакам да останам во Милан, благодарен сум на клубот

Хернандез на чекор до Милан

Милано, 18 јуни 2020 (МИА) – Левиот бек на Милан, Тео Eрнандез изрази голема радост што е во клубот, а исто така беше категоричен дека сака да остане на „Сан Сиро“ и покрај интересот на Пари Сен Жермен за него.

– После постигнатото во Алавеш, ова е мојата најдобра година досега. Морам да им се заблагодарам на Милан и Паоло Малдини. Никогаш не е лесно да се снајдеш во Реал Мадрид, а камоли да се пробиеш и да освоиш место во клуб како овој или дури и во Атлетико Мадрид, каде што пораснав. И во Реал Сосиедад не се справив добро. Сакам да му се заблагодарам на Милан затоа што тие покажаа верба во мене. Малдини верува во мене и јас сум навистина среќен овде. Возбуден сум што сум во Милано и решив да останам тука со „росонерите“. Јас имам четиригодишен договор и многу сум среќен овде, вели Тео.

На прашањето за Златан Ибрахимовиќ, тој вели дека е фантастичен и многу позитивен соиграч.

– Ибра е човек кој никогаш не сака да губи. Кога грешиме, тој секогаш врши притисок врз нас и бара максимален напор, изјави Ернандез за „Онда Черо“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026