Утрински Весник
Македонија

Следната недела ќе биде отворен затворениот базен во Куманово за пливачките клубови

Следната недела ќе биде отворен затворениот базен во Куманово за пливачките клубови

Куманово, 18 јуни 2020 (МИА) – Наредната недела ќе биде отворен затворениот градски базен за членовите на пливачките клубови, најавија денеска надлежните од ЈП „Чистота и Зеленило“ од Куманово, под чија надлежност е овој комплекс.
Спортскиот објект ќе работи согласно дадените протоколи за отворање и работа на базените, кој опфаќа сет мерки за време, пред и  после тренинзите.
– Дадени се насоки од Владата како ќе функционира работата на базенот. Јавното претпријатие е подготвено, базенот е дезинфициран, вработените се на работните места. Од наредната недела ќе почнеме со процес да дефинираме што значи пливачки клуб, склучување посебни договори со нив, ќе им биде вметнат и член за почитување на протоколот во договорите и мислам дека од наредната недела дека ќе можеме да започнеме, изјави директорот на јавното претпријатие, Даниел Стојчевски.
Меѓу бројните препораки кои се дадени за користење на базените, се и одржување физичка дистанца, тренерите да користат заштитна опрема кога ги одржуваат обуките, по завршување на тренингот и децата да користат маски, да се зголеми употребата на хлор, да се обезбеди соодветна вентилација, да не се користат соблекувалните…
Базанот беше затворен во март годинава од почетокот на ширењето на коронавирусот. ам/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Димитриевски: Времето на етнизација и поделби по етнички клуч треба да биде минато, „Вреди“ собира евтини политички поени

Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

ВРЕДИ го брка ЗНАМ од Владата?