Утрински Весник
Македонија

Општина Струмица ги исплати субвенциите за купување велосипед

Општина Струмица ги исплати субвенциите за купување велосипед

Струмица, 18 јуни 2020 (МИА) -Општина Струмица денеска ги исплати субвенциите за купување нов велосипед во висина од 800.700 денари, информираше градоначалникот Коста Јаневски.

-Им благодарам на граѓаните за поддршката во реализацијата на овој проект. Големиот интерес потврди дека ова беше вистинска мерка во време кога и за нас како Општина Струмица, но и за сите граѓани, заеднички приоритет ни е здравиот живот и чистиот воздух. Ова не поттикна да планираме повторно активирање на Фондот за субвенционирање за купување нов велосипед во наредната буџетска година, објави градоначалникот Јаневски.

Пари за купување нов велосипед добија 229 граѓани, кои ги исполнија критериумите за субвенционирање.

На јавниот повик што го објави општината биле доставени 238 апликации од кои 9 се одбиени од Комисијата заради дуплирање на апликациите и некомплетна документација.рт/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: ОЈО и Савевски ја ставија тајноста на истрагата над здравјето на граѓаните

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија на земјава

МВР: Полицијата е на терен по невремето, во Скопје евидентирани 117 оштетени возила и 10 повредени лица