Утрински Весник
Македонија

Сотирова Бухова: Давањето лажни податоци и не примањето на решенијата за самоизолација ќе резултира со голем број заразени и во наредните 10 до 15 дена

Нови 25 случаи на КОВИД-19, тројца починати

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Проблемите со кои наидуваме на терен на дневна основа се недавање точни лични податоци, во епидемиолошката анкета дава точно име, а презиме случајно згрешено со две или три букви, непостоечка адреса, телефонски број не постои, меил секако не. Тоа се податоците кои ги добиваме од одредени граѓани, лажни односно неточни. Податоците при врачување на решенија за самоизолација кои се со точни податоци на терен се од типот: Ова лице не живее тука со години, не го познаваме или едноставно не отворање врати за да не се прими решението, истакна денеска директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Иринка Сотирова Бухова.

Таа апелираше ваквите постапки да се минимизираат односно да се сведат на нула, затоа што бројките кои ќе ги видиме во наредните 10 или 15 дена се правопропорционални последици на ваквите однесувања.

– Секое позитивно лице или контакт од прв ред со висок ризик со позитивно лице кое нема да го прими решението и слободно ќе фунцкционира е потенцијална бомба, односно потенцијална зараза за сите оние каде тоа ќе се движи, рече д-р Сотирова Бухова, одговарајќи на новинарско прашања по прес-конференцијата на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска. рп/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Санкционирани 185 возачи во Скопје

Лишени од слобода две лица: Пронајден пиштол и криумчарена стока во село Побожје

Сиљановска Давкова прими претставници на Македонската алијанса за европска интеграција