Утрински Весник
Македонија

Привршува пролетната акција за уредување на локалните патишта

Привршува пролетната акција за уредување на локалните патишта

Гевгелија,18 јуни 2020 (МИА) – Во градот Гевгелија и населените места во општината, во рамки на кампањата ,,Градиме по план”, привршуваат активностите од пролетната акција за уредување на патната инфраструктура која на граѓаните треба да им обезбеди подобри услови за живот.

Од општината потврдија дека денеска почна асфалтирањето на улицата ,,Индустриска” на која во изминатиов периoд беше инсталирана атмосферска канализација, беше проширена од јужната страна каде беше уреден и тротоар и со тампонирање беше подготвена до финалното асфалтирање.

Локалната самоуправа изрази уверување дека оваа улица, покрај која се лоцирани повеќето индустриски капацитети во Гевгелија, повеќе нема да предизвикува проблеми при обилните врнежи од дожд.

Претходно, во Гевгелија беа обновени со нов асфалт паркинзите покрај станбените згради на улицата ,,Илинденска” во селото Прдејци целосно се асфалтираше улицата ,,Вардарска”. а пак во Давидово денеска започнаа подготовките за реконструкција и асфалтирање на централната улица која води до подрачното основно училиште.

-Одржувањето на постоечката патна инфраструктура е важен сегмент од создавањето услови за поквалитетно живеење на жителите во градот и населените места и затоа продолжуваме и понатаму да градиме и реализираме за по убава Гевгелија,нагласија од општината. им/оџ/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УХМР: До крајот на денов сончево и топло, за викенд нестабилно со пороен дожд и грмежи

Ни куќа ни стан, овој министер пријавил само еден џип и скапи часовници

“Трчав низ оган за да преживеам“ – храброто искуство на пожарникарот Александар Тодорчевски