Утрински Весник
Политички Партии

Костадинов: Излезе на површина спрегата на осудените од „Рекет“ со ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски

Костадинов: Излезе на површина спрегата на осудените од „Рекет“ со ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски

 

Струмица, 18 јуни 2020 (МИА) – Во однос на тоа што го изјавил еден од осудените во случајот „Рекет“ можам да кажам дека со тоа ние, а преку вас, медиумите и пошироката јавност може да дознае и да види дека станува збор, излегува на површина практично спрегата на осудените во случајот „Рекет“ со ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Да не заборавиме и да се потсетиме дека имавме можност како граѓани да слушнеме со кој тоа се среќавал Христијан Мицкоски, за што зборувале, како се подготвувале изборите во Охрид и да не набројувам. Јасно е, вистината во Република Северна Македонија излезе на површина, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на денешната прес конференција во Струмица одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на Бојан Јовановски по соопштувањето на пресудата дека парите од „Рекет“ завршиле кај лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој додаде дека судска разрешница во транспарентен судски процес мора да има и за останатите случаи кои произлегуваат од СЈО, без разлика за кој предмет, за кој човек станува збор, дали тоа станува збор за случајот „Талир“, кој се однесува за незаконско финансирање на политичка партија, дали станува збор за случајот „Империја“ во кој се води случај за перење пари и други мора да има јасна судска разрешница.

Според него, денешната пресуда за случајот „Рекет“ докажува дека во нашата држава веќе не постои веќе неказнивост како што тоа беше пример цели 11 години додека владееше ВМРО ДПМНЕ.рт/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт