Утрински Весник
Македонија

Манчевски: Над 60.000 граѓани ја симнале СтопКорона, очекувам бројот да се зголеми

Манчевски: Над 60.000 граѓани ја симнале СтопКорона, очекувам бројот да се зголеми

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Досега имаме над 60.000 симнати апликации СтопКорона. Често повторувам дека бројката не е мала, но навистина очекувам да е поголема, особено сега во ова време кога се олабавени рестриктивните мерки но и кога имаме зголемен број на заразени и многу е важно да ги користиме сите можни алатки за идентификација на контактите, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на прес-конференција.

Одговарајќи на новинарско прашање за ефикасноста на апликацијата, Манчевски апелираше до граѓаните да ја симнат апликацијата, бидејќи таа не користи никакви лични податоци.

– Во текот на оваа недела ќе објавиме и независна ревизија од страна на независни експерти на апликацијата, со што уште еднаш ќе ги увериме граѓаните дека е апсолутно безбедна за користење и таа само може да им помогне на епидемиолозите во пронаоѓање на контактите доколку некој се потврди дека е позитивен во претходните 14 дена, рече Манчевски. нд/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рe-позиционирање пред локални избори на партиите

Струмичко-скопскиот епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати писмо по повод упокојувањето на папата

Гаши: Папа Франциск ги вгради принципите на мирот, социјалната правда и меѓурелигиозниот дијалог