Утрински Весник
Македонија

Одбраната на Јанева разочарана од пресудата, сметаат дека казната е превисока

Одбраната на Јанева разочарана од пресудата, сметаат дека казната е превисока

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Како одбрана на Катица Јанева сме разочарани од пресудата и казните кои ги слушнавме. Сметаме дека апсолутно е превисока казната, изјави адвокатката Ирена Фрчковска, по објавата на пресудата за случајот „Рекет“.

Судот во својот вовед, посочи Фрчковска, кажа дека со оваа пресуда сака да се врати довербата во правосудството, но ние како одбрана сметаме дека со вакви пресуди не се враќа довербата.

– Напротив, сметаме дека судот треба да суди врз основа на докази. А во конкретниот случај, докази дека Катица Јанева го сторила кривичното дело за кое денеска е осудена не постојат. Целата јавност беше сведок дека за Катица Јанева обвинителството не достави никакви докази, изјави Фрчковска.

Најави дека ќе се жалат и ќе поднесат жалба до повисоките судови.

– Се надеваме дека повиосоките судови ќе имаат поголем сенс за правда и правичност, за носење на одлуки кои се базираат на докази. Ќе се бориме до крај како одбрана и пред домашните и пред сите меѓународни судови, изјави Фрчковска.

Адвокатот Дељо Кадиев, рече дека и понатаму стојат на тоа дека не постоел ниту еден доказ за вината на Катица Јанева.

– Ќе поднесеме жалба. Ќе видиме прво образложението какво ќе биде. Навистина, во овој момент, не можам ниту да претпоставам кое ќе биде образложението на судот со кое го прифати во целост фактичкиот опис на кривичното дело во диспозитивниот дел на обвинението. Апсолутно немаше доказ за ништо од тоа, изјави Кадиев.

Судот денеска ја прогласи Катица Јанева за виновна во случајот „Рекет“ и и изрече затворска казна од седум години.  оџ/аа/

Изјави на обвинителката Вилма Русковска, и адвокатите Сашко Дуковски, Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска

Posted by MИА.mk on Четврток, 18 јуни 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по нашата консолидација

Директорот на затворот Шуто Оризари вели нема шанси Кешишев и Палчо да размениле писмо

Одбиени 10 амандмани на амадманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година