Утрински Весник
Спорт

Челзи потврди, Вернер ќе ги засили „сините“

Челзи потврди, Вернер ќе ги засили „сините“

Лондон, 18 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, потпиша договор со Челзи, објавено е на официјалната веб-страница на клубот од Лондон.

Дваесет и четиригодишниот Германец потпиша петгодишен договор. Остатокот од сезоната ќе го помине во Лајпциг. Напаѓачот ќе му се придружи на Челзи во јули, по лекарските прегледи.

– Ние сме многу задоволни што Вернер реши да ни се придружи. Тој е играч кого го бараше цела Европа и тоа не е изненадувачки. Нестрпливи сме да го дочекаме Тимо да биде во тимот, но дотогаш му посакуваме него и на Лајпциг се најдобро оваа сезона, се вели во соопштението на Челзи.

Досега оваа сезона, Вернер одигра 43 натпревари за Лајпциг, постигна 32 голови и 13 асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале

Успешно реализирано Светското училишно првенство во ракомет – Македонија ја оправда довербата на светската спортска сцена